Музика на кирилица

Во понеделник во “Бекстејџ” на Телма, промоција на новиот спот и песна на Давид Темелков (Фото)

Во понеделник во најгледаниот естрадниот магазин “Бекстејџ” кој се емитува секој работен ден на Телма во 16.15 и 22.15 ја очекуваме промоцијата на  новиот сингл на Давид Темелков со интригантен наслов „Прстот на судбината” и уште поинтригантен видео спот, кој е како краткометражен филм проследен со одлична приказна што се гледа во еден здив од почеток до крај.

„Поставувањето на големи очекувања и високи стандарди за овој спот беа единствен избор и единствен пaтоказ. Особено голем предизвик беше тоа што дознав дека Нетфликс неодамна  снимаше серија на истата локација каде што беше сниман и овој спот, и поради тоа, се требаше да биде на врвно ниво. Никогаш до сега не сум уживал во некое снимање како во снимањето на овој спот. Целосно уживав во улогата на режисер и продуцент, снимајќи со своите пријатели кои со својата глума, безпоштедност и позитивната енергија го направија овој спот таков каков што е. Ова снимање ми представуваше едно големо задоволсто!„ вели Темелков за естрадниот магазин “Бекстејџ”.

Спотот ја следи песната за чии стихови е заслужен Драгиша Баша, додека самиот Давид го потпишува препевот, а Миро Буљан стои позади музиката и  аранжманот.

За каква песна и спот станува збор, ќе дознаете во понеделник 29-ти ноември во најгледаниот естраден магазин “Бекстејџ”.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....