Музика на кирилица

Во септември свадба на Слаткар и Сања

Како што дознава редакцијата на музичкиот портал Музика24, познатиот рапер Слаткар и една од некогаш најпознатите маникенки и водителки Сања Николиќ, во септември оваа година го закажаа датумот кога ќе го кажат судбоносното “ДА”. И покрај тоа што се уште незнаат каде ќе се венчаат, заљубениот пар веќе одамна ги има одбрано кумот и старосватицата, кои ќе бидат дел од целата церемонија и воедно сведоци во матичното и во црква.

“Кум ќе ни биде Мартин, кој е долгогодишен пријател на Марко и се заедно уште од деца, а старосватица ќе ми биде мојата најдобра другарка”, откри Николиќ за Вечер. Слаткар и Сања се пет години во врска, а веќе неколку години живеат заедно во станот на маникенката.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: