Музика на кирилица

Врчак се враќа на сцената со неколку дуети (Фото)

После хит снимката од приватна прослава на која Раде Врчаковски – Врчак и Ламбе пеат заедно, и неколку други објави на социјалните мрежи кои предизвикаа огромен интерес во јавноста. Врчак се огласи за неговото враќање на сцената.

„Да знаат сите дека таа вечер на инсистирања на другари и другарки сосема случајно и непланирано јас излегов една-две песни да испеам на приватна прослава кај мој многу добар другар. Не се работи за никаков мој камбек како што излегло од новинари, а на среќа на сите обожаватели и обожавателки кој секој ден ме молат нови песни да правам. ЌЕ ИМА НОВИ ПЕСНИ“, изјави врчак.

Вчера на социјалните мрежи први од естрадата кои најавија соработка со Врчак беа ДНК. Тие објавија две фотографии од студио каде се снима дуетот чиј продуцент е Лазар Цветкоски. Информацијата ја потврди и Врчак, кој откри и со кој друг снимил или има намера наскоро да сними соработка.

„Снимивме одлични нови со ДНК, со Антониа Гиговска, со Барбара Поповиќ ќе снимаме исто, има и други соработки, а и Лабме утредента по прославата во Охрид ме замоли да снимаме песна. Му велам ако не пали веќе огнови може и Ламбе се согласи и ќе снимаме песна и со Ламбе“.

Врчак се осврна и на скандалот со палењето на бугарскиот клуб во Битола, за кој Ламбе е осуден на условна казна затвор. А што Врчак на шега го поставил како услов за дует.

„Ламбе е предобро предобро момче, се чудев кога ми кажаа дека историско патриотски мотивирана беља направил. Да не прави никој бељи, минатото е минато, ние не живееме во минатото, животот кој го живееме е речиси бесконечна љубов секој ден и на тоа треба да се фокусира човек, а секој проблем може да се реши со љубов. Да се грижиме сите за иднина полна со љубов меѓу народите, иднина без робства на планетата земја“.

Можеби ќе ве интересира: