Музика на кирилица

Заедничка промоција на “Kolt” и “Cutting Edge”

Рок бендот “Kolt” од Скопје и освежувањето на македонската алтернативна сцена “Cutting Edge” од Тетово најавија заедничка концертна промоција на нивните албуми, која ќе се одржи на 6-ти ноември во скопското кафуле “Браво”. “Kolt” минатата година влезе во финалето на Лузер фест заедно со уште девет млади бендови. Оттогаш, бендот интензивно работи на создавање рок музика, а како резултат на тоа го објавија нивниот прв албум “Equilibrium”.

Од друга страна, “Cutting Edge” е електронски синт поп/инди рок бенд кој постои од минатата година, а неодамна го објавија и својот прв видео запис. “Kolt” ќе го промовираат својот втор студиски албум “Solipse”, додека “Cutting Edge” ќе го промовираат својот прв албум насловен “Connected”.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: