Музика на кирилица

Романтичен есеј: Зоран Рудан Цеки со најнов видео запис (Видео)

Иако се чини дека поп пејачот Зоран Рудан-Цеки се тргна од музичката сцена, сепак тој работи на својот случај. Пред два часа го промовираше својот најнов видео запис за композицијата “Живот во 4 чина” за кој како целосен автор се јавува токму пејачот. Самото сценарио е смислено така што во придружба како хармоника се јавува познатиот хармоникаш Игор Димовски кој е и дел од самиот проект и искусни танчери кој ја доловуваат целосната романтична тема на самата композиција.

“Се потрудив да се задржам до мојот стил иако од моите почетоци почнав со рок музиката, сепак секоја промена е добредојдена и се надевам на публиката ќе и се допадне новата свежина”, изјави Зоран Рудан-Цеки. Во продолжение, премиерно ви ја претставуваме новата композиција и видео-запис “Живот во 4 чина” за кој сите заљубени ќе се пронајдат во самата песна.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: