Музика на кирилица

“Жтем бенд” во ново руво во нови успеси

Популарниот состав “Жтем бенд” бенд кој долги години опстојува на македонската музичка сцена после кратка пауза повторно се враќаат, но со нови членови кој ветуваат многу новини во нивната музичка кариера.

“Секоја промена е добредојена за нашиот бенд така што и во светските познати бендови има т.н. трансфери на нови артисти кој секогаш се покажале како добри и позитивни за самиот состав така е и кај нас”, изјави Бобан Цветановски кој освен кој е фронтмен на самиот бенд тој паралелно и гради соло кариера како пејач каде минатата година го промовираше својот прв сингл “Дајте една дупла” во брз ориентален ритам за кој се планира и видео запис.

Она што може да очекуваме во скоро време е музичко шоу на “Жтем бенд” со многу забава исполнета со разноврсни жанрови како од фолк музиката, така и од поп и странската музичка сцена со што покажува дека и после малите успони сепак се доказ дека може да се издржи до крај и да се изградат како бренд на музичката сцена со преголем број на хитови кој и до ден денес се изведуваат и се барани од нивните верни фанови.

Уште еднаш ова нека биде поттик за оние кој планираат да се занимаваат со музика, бидејќи секој успех е подвиг за секој нареден.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: