На само десетина изминати дена од Новата ни година, нашата екипа која секогаш неуморно ве известува со младата Зои Блаж се сретна во едно од скопските кафулиња. И иако надвор е понекогаш грчевито ладно, сепак, со топло кафе кое го има во многу варијанти е секогаш полесно.
Музика24: Kако си, како се чувствуваш во ова студено јануарско утро, на само десетина дена само по Нова Година?
Зои Блаж: Одлично се чувствувам… Се радувам што стартуваше Новата Година и го обожавам утринското јануарско студено кафе, не ми пречи што е студено.
Музика24: Дали обично се расонуваш со кафе или… ? Дали си зависник од утринско кафе?
Зои Блаж: Морам да испијам утринско кафе за да се расонам и да ми почне убаво денот
Музика24: Кога сме веќе кај кафето, кое е твоето омилено?
Зои Блаж: Омилено кафе… ? Па, макијато највеќе пијам
Музика24: Дали обожаваш повеќе да пиеш кафе дома сама или тоа го правиш во друштво на твоите пријатели?
Зои Блаж: Според мене повеќе оди кафето со муабет, што значи дека со моите пријатели.
Музика24: Кој е твојот настап кој ќе го паметиш долго?
Зои Блаж: Првиот мој настап на Сунчане скале каде освоив 7 место и бев толку многу под голема трема.
Музика24: Твоето име е веќе препознатливо во јавноста? Како си задоволна од сето тоа?
Зои Блаж: Мислам дека добро е сега за сега и се надевам дека уште повеќе ќе се пробијам.
Подготви: Ивана Поповска