Премиера

ПРЕМИЕРА: „Душа бакшиш“ – Дац и Александар

Популарното дуо Дац и Александар промовираа уште една боемска балада. „Душа бакшиш“ e авторска песна на Александар Митевски а проследена е и со спот.

„Душа бакшиш“, велат дека е продолжение на прикаската од „Уште ми фалиш“. Таа е химна на кафаната како институција во која се испреплетуваат сите човечки судбини. Искрено се надеваме дека сите ќе се пронајдете во неа… И ќе стане ваша песна. – велат Дац и Александар.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....