Премиера

„Паркети“ имаат нова песна (ВИДЕО)

Познатиот битолски панк бенд „Паркети“ го промовираа новиот сингл „Ела Горе“ кој ќе биде дел и од новиот албум.

Новата песна за прв се изведе на настапот во емисијата „Покрив” на Македонската телевизија. Концертот се снимаше над кулата кај некогашна “Средна Стоковна“ која има одличен панорамскиот поглед на цела Битола.  Музиката и текстот за песната се дело на Зоки Паркет.

„Паркети“ се формирани во 1991 година, една деценија по првиот бран на панк музикта.  Првата постава ја сочинуваа Сашо Паркет, Славе Паркет и Себастијан Паркет. Познати се по своите настапи во живо, изгледот и смислата за хумор.

Можеби ќе ве интересира: