Премиера

24Промо: Елена Петреска Толевска – “Ајде врати се” (Видео)

“Ајде врати се” е новата песна на македонската поп пејачка Елена Петреска Толевска, која што таа го промовираше неодамна, но за прв пат ќе го промовираме и на музичкиот портал Музика24. Песната е снимена и работена во студиото Јованови, додека пак за текстот се погрижи Елвир Мехиќ. Видео спотот пак е дело на неуморниот тим на Фабрика продукција. И сосема неочекувано, освен како стилист за време на снимањето, се појави и во спотот, а станува збор за младиот и симпатичен Даниел Николовски.

Наместо во Охрид или пак Грција, спотот е снимен во Скопје на една од скопските плажи, каде што Елена заедно со својот тим ќе ви подготват одлична летна забава на плажа. Во спотот учествуваат и девојки и момци од модната агенција “Црнокрак”, како и танчери кои дополнително го разубавуваат спотот.

Подготви: Синиша Новевски

Можеби ќе ве интересира: