Премиера

24 Промо: Антонио Пејоски – “Вечно осамен” (Видео)

Како и секогаш досега, така и овој пат традиционално младиот поп пејач Антонио Пејоски своите нови песни, односно, видео спотови најнапред ги промовира на Специјализираниот македонски музички портал Музика24 каде што Вие неговите фанови и наши читатели кои Ве има во навистина голем број секојдневно се информирате за неговата успешна музичка кариера. По овогодинешното издание на музичкиот фестивал “Еврофест”, каде што Антонио ја освои втората награда за песната “Вечно осамен”, тој заедно со новата продукција “Doma production” неодамна го сними видео спотот за оваа наградена песна. Песната е дело на Славиша Киброски (К-Тим продукција), а за текстот се погрижи самиот Антонио.

Овој млад и навистина телентиран поп пејач за многу брзо време откако се појави на македонска музичка сцена упорно и неуморно гази и инвестира во сопствената кариера, а резултат на сето тоа се многубројните настапи низ македонски дискотеки и ноќни клубови. Ново од Антонио е тоа што тој следната година во месец мај ќе ја претставува нашата Македонија во Република Бугарија, поточно во Варна на интернационалниот музички фестивал “Discovery”.

А во продолжение, Ви предлагаме да го погледнете новиот видео спот на Антонио Пејоски за неговата нова и наградена песна “Вечно осамен”.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: