Премиера

24 Промо: Боби Павловски – “Кафанска”

Вчера вечер во скопскиот ресторан “Дома” во населба Илинден младиот пејач Боби Павловски го промовираше новиот видео спот за неговата нова песна “Кафанска”. Интересната, певлива песна со динамичен видео спот тој ги промовираше пред своите колеги, пријатели, соработници и медиуми. Видео спотот е дело на познатиот македонски фотограф и режисер Дарио Јанковиќ, а истиот освен во ресторанот “Дома” е снимен и на неколку други локации во Скопје. Боби за Специјализираниот македонски музички портал Музика24, во врска со новата песна и видео спот изјави:

“Задоволен сум премногу од производот. Песната мислам дека ќе биде хит, гледајќи и слушајќи по реакциите од публиката. Спотот е всушност токму тоа што сум јас одморање пред свирка, нон стоп јавување за нови резервации, спремање и движење кон ресторанот каде што е настапот, а таму секако секогаш исполнето до последното место и се знае, журка, пеење и играње до раните утриснки часови”, изјави младиот пејач за Музика24.

Во продолжение, Ви предлагаме да го погледнете новиот видео спот на Боби Павловски за неговата “Кафанска”.

Подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: