Премиера

24Промо: Даниел Кајмакоски – “10 лета” (Видео)

По кусата пауза после учеството на “Евровизија 2015”, Даниел Кајмакоски не почести со својот нов сингл насловен “10 лета”. Автор на песната е Александра Милутиновиќ, аранжманот и продукцијата се на Дарко Димитров, а препевот на македонски јазик го направи Огнен Неделковски.

“Големо задоволство ми е да излезам со целосно свој проект. Посебно сум среќен и благодарен на соработката со Александра, Дарко и Огнен. Со овој тим и сингл го најавувам мојот нареден проект – сингл и албум. До наредниот сингл, уживајте во 10 лета”, изјави Даниел Кајмакоски.

“Текстот за синглот “10 лета” го претставува Даниел како емотивно и силно момче. Се зборува за љубов која можеби не се случила во вистинското време, но секако дека не е само авантура и нешто минливо. Благодарејќи на Дарко Димитров, кој е продуцент на овој сингл, песната звучи свежо и му дава на Даниел еден свој печат, на почетокот на својата кариера. Како што би рекле ние авторите – се надевам дека песната и успехот ќе траат долго”, изјави Алесандра Милутиновиќ. Видео записот ја дополнува љубовната приказна од песната, прави дополнително уживање низ прошетка на различни локации снимени во Охрид. Даниел во спотот е придружуван од Поликсена Тунтева. Спотот е во реализација на “ДК тим” и “Storyteller”. Наскоро ќе следи објавување на “Деценије”, српската верзија на песната, заедно со видео запис.

Подготви: Редакција Музика24

Фото: Стојан Стојановски – 2S

Можеби ќе ве интересира: