Премиера

24Промо: Данијела Мартиновиќ – “Дежурај” (Аудио)

По 10 години, победничкиот тандем брачниот пар Хуљиќ и пејачката Данијела Мартиновиќ, повторно се заедно. Ново музичко освежување во радискиот етер е новата песна “Дежурај”, која од денес па во идниот период на големо ќе се слуша како во Хрватска, така и низ регионот. Освен оваа нова песна, сплитската позната пејачка Мартиновиќ најавува и многу други изненадувања во идниот период.

“Оваа песна е нешто сосема поинакво за разлика од се она што се слуша во моментов. Заедничка желба ни беше да креираме еден потполно нов звук и музички правец. Тоа секако не е лесна работа, но во секој случај е одличен кретивен предизвик. Тончи Хуљиќ и неговиот тим направија одлична работа и со душа чекам песната да ја споделам со слушателите и мојата верна публика ширум целиот регион”, изјавила Данијела Мартиновиќ.

Мотивирани од светски познатиот ритам Бачата, се создаде и новата песна “Дежурај” која отвара едно ново поглавје во кариерата на една од најпознатите балкански пејачки. Музиката ја напиша Тончи Хуљиќ, а текстот неговата сопруга Вјекослава Хуљиќ, а за аранжманот освен Тончи глевен збор имаше и продуцентот Душан Васиќ.

Како што дознава нашиот музички портал Музика24, овие денови Данијела го завршила снимањето на видео спотот за новата песна. Приказната е сместена во далечните педесети, почетокот на шеесетите години, а истата е инспирирана од кризата во пракот помеѓу глумицата Грејс Кели и принцот Реинер трети. Зар ражисерската плака на навиот спот се потпишува Дарио Радусин.

Во продолжение, Ви предлагаме да го преслушате новиот хит сингл на познатата Данијела Мартиновиќ…

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: