Премиера

24Промо: Дарко Илиевски – “Никој како ти” (Аудио)

Дарко Илиевски сними нова песна, насловена како “Никој како ти”. Зад оваа песна, освен тој самиот, се јавува стандардниот тим со кој тој соработува, а тоа се Лазар Цветкоски и Магдалена Цветкоска.

“Оваа песна ми е една од најискрените песни што сум ги отпеал досега и верувам дека и публиката ќе ја доживее на ваков искрен начин. Целта ми е да допрам до луѓето кои се силно вљубени и немаат никакви предрасуди да ја споделат, односно да ја признаат љубовта. Во песната се вели: “Знај ти си причина јас што се будам секој ден. Ова доволно кажува колку е силна љубовната порака во песната”, вели Дарко.

Оваа најнова песна на Дарко всушност е и најава за неговиот нов албум. Тој последниов период константно работи на нов материјал и периодов ке биде исполнет со неколку нови песни. Ви посакуваме да уживате слушајки ја новата песна “Никој како ти”.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: