Во продукција на музичкото студио “Гиновски”, денес нашата позната македонска поп пејачка Андријана Јаневска ја претстави и промовираше новата песна на младиот Иван Мамучевски кој ни доаѓа од Берово на својот You Tube музички канал. Како што дознава музичкиот портал Музика24, за музиката, аранжманот и продукцијата секако задолжени за тоа се познатата пејачка Јаневска и студиото “Гиновски”, додека пак текстот го напиша Вероника Стојановска.
Се надеваме и веруваме дека овој млад изведувач кој е речиси ново музичко лице на македонската музичка сцена ќе биде ваш фаворит, а продолжение ви предлагаме да ја преслушате неговата нова и прва песна “Дојди некогаш”, за која што наскоро очекуваме и видео спот.
Подготви: Марија Поповска