Премиера

24 Промо: Мики Секуловски – “Научи да сакаш” (Видео)

Мики Секуловски денеска на You Tube каналот на “Sky Eye еntertainment” ја промовира својата седма официјална нумера “Научи да сакаш”. Видеото е во форма на пишан текст, која треба да биде хит оваа зима.

“Искрено, песната ја чувавме во фиока повеќе од 8 месеци, така што со продукцијата решивме дека декември е вистински месец да ја издадеме на музичкиот пазар. Токму оваа песна ми е особено драга и ја чувствувам многу лично затоа што сум ко-автор на музиката и текстот. Сигурен сум дека синглот ќе и се допадне на публиката”, изјавува Мики Секуловски. Музиката и аранжманот за песната се на Зоран Алексиќ, додека текстот го напишаа заеднички со Мики Секуловски, a во продукција на “Sky Eye еntertainment”.

“Оваа песна е една од оние коишто всушност се разликуваат од останатата македонска музичка продукција. Со тоа што во нумерата е искористен семпл од Арета Френклин и нејзината “I Never loved a man”, песната добива блуз нота, но сепак го задржав модерниот ритам и звук” додава продуцентот Зоран Алексиќ. Последниот сингл на Мики “Друга не допира” беше промовиран во септември со видео запис. Секуловски во моментов е ангажиран на неговиот албум и со своите настапи во клубовите низ државата.

А во продолжение, ви предлагаме да ја преслушате новата песна, како и воедно да го погледнете новиот видео спот на Мики Секуловски.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: