Премиера

24 Промо: Саша Ковачевиќ – “Ја браним” (Видео)

Пред месец и половина сите се прашувавме дали познатиот балкански пејач Саша Ковачевиќ ќе изврши или извршил самоубиство, со оглед на тоа какви фотографии беа објавувани. Но, сето тоа беше за потребите на снимањето на неговиот нов видео спот за песната “Ја браним”. Денес, на својата фан страна познатиот пејач го промивираше својот нов видео спот за оваа балада.

За снимањето на видео спотот беше задолжена “Toxic” продукција, а режисер на истиот е Димитрија Јоковиќ – Џима. Спотот е снимен на две локации во Белград. Во продолжение, погледнете го новото интересно видео на Саша Ковачевиќ.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: