Младиот битолчанец Виктор Апостоловски повторно изненадува со нешто сосема ново. Станува збор за песната “Не те жалам” која што е дел од неговиот прв албум насловен “Во моите сни” кој што Виктор токму денес ја промовираше на светскиот музички интернет канал You Tube. Сите вие кои досега не сте ја слушнале оваа песна, за прв пат преку специјализираниот македонски музички портал Музика24 имате можност тоа да го направите во нашата рубрика 24 Промо каде промовираме се она што е ново на музички план.
Инаку, оваа песна е комплетно дело на младиот пејач кој се погрижи и за текстот, а и за она песната да го има она светското во неа. Слушнете и уверете се во она што досега го прочитавте.
Подготви: Редакција Музика24