Премиера

24 Промо: Марио Арангеловски – “По тебе луд” (Видео)

Кумановецот Марио, миленик на женската публика, со настапите во талент шоуто “Сите наши песни”, ги доби симпатиите на публиката, продолжи да гради самостојна кариера. На фестивалот “Еврофест” ја промовираше неговата нова песна.

“Песната ја снимав во Битола, кај Дарко Серденков средина на октомври. Промоцијата беше во ноември на 17-то издание на “Еврофест” во Скопје. Интернационален фестивал, на кои учествуваа автори и изведувачи од разни држави низ светов, таму освоив 3-то место. Текст: Цане Трајчевски, музика и аранжман: Дарко Шерденков. Песната е одлично прифатена по реакциите кои секојденевно ги добивам и сум среќен за тоа, а тоа ми е мотив плус да продолжам понатаму”, изјави Марио за Музика24, и додаде:

“Следуваат уште нови песни, спотови, тешко е бидејќи се сам правам, но подршката од публиката многу ми помага. Нивната поддршка ми значи многу”. Во продолжение Ви предлагаме да ја преслушате неговата нова песна.

Подготви: Редакција Музика24

 

Можеби ќе ве интересира: