Премиера

24 Промоција: “Залудно е” на Тамара доби видео спот (Видео)

Поп-пејачката која иако ни испеа “Готово е” и не остави без зборови, сепак, со настапот на Скопскиот фестивал и извонредната интерпретација на нејзината “Залудно е”, ни докажа дека, не само што тоа не е крај, туку е  само почеток на новите хитови во нејзината кариера. Она што беше најавено, Тамара и Горила го исполнуваат, а тоа е новиот спот за темата “Залудно е”, кој во голем дел е изработен со 3д ефекти.

“Среќна сум и задоволна од тоа како изгледа видео записот, морам да ви признаам и тоа  дека, одлично се забавував на снимањето, кое се одвиваше на повеќе локации”, вели Тамара.

“Нена и Дади ме убедија, а Арменд Рамадани создаде неколку “Тамари” кои, според многумина изгледаат перфектно во спотот. Секое снимање на нов видео запис за мене е многу интересно, колку и да изгледа напорно. Така беше и овој пат , имаше многу смеење и во спортскиот центар Борис Трајковски и на другите локации каде што снимавме. Знаете како, кога некоја работа ја сакате и ја работите со љубов, неверојатно колку бргу се се враќа”, додава таа.

Темата “Залудно е” е авторско дело на Роберт Билбилов, такстот е на Ксенија Николова, а аранжманот на Живоин Глишиќ, а зад видео записот се потпишаа Владимир Ивановски Дади и Нена Зафировска. Од Горила продукција најавуваат дека ова е само почеток на “офанзивата” од хитови на нивниот нов ексклузивец, Тамара Тодевска.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: