Премиера

24 Промо: Александар Митевски и Драган Спасов-Дац – “Ѓавол да те земе” (Видео)

Неодамна пред македонската јавност Александар Митевски и Драган Спасов-Дац ја промовираа својата најнова песна со видео спот. “Ѓавол да те земе” е насловот на песната чија музика ја подготви Александар Митевски, текстот е заеднички (Митевски-Дац), додека аранжманот го потпишуваат Иле Спасев и Горан Илиевски.

Како во песната, така и во видео спотот свое учество зема и дувачкиот состав “Brasstet Скопје”, а тука ќе ги споменеме и Илија Филиповски – виолина, Трајче Ставревски – бузуки, Момчило Митровски – кларинет. Видео спотот е во реализација на Pikado Creative Collective.

Можеби ќе ве интересира: