Премиера

24Промо: Ален Хасановиќ го промовира видео спотот за “Продала си љубав” (Видео)

Неодамна македонскиот пејач Ален Хасановиќ на јавноста и ја подари својата нова авторска песна која претставува емотивна балада во која многумина со сигурност ќе се препознаат, а истата веќе остварува одлична гледаност на YouТube и се најде како предлог за сите топ листи во регионот. Имено, Ален Хасановиќ заедно со својата матична продукција “Гранд” на јавноста и ја претстави својата најнова песна која го носи насловот “Продала си љубав”, а како комплетен автор на музиката, текстот и аранжманот се потпишува самиот Ален. Видеозаписот е снимен на неколку атрактивни локации во Охрид под режисерската палка на Зати Продукција.

Третата студиска песна на Ален претставува емотивна балада испеана со многу емоции во негов стил. Новата “Продала си љубав” раскажува болна приказна во која Хасановиќ е заљубен и прави големи планови за заеднички живот со неговата девојка, но дознава дека всушност нејзината љубов е лажна. Девојката во видеото ја “продава” својата младост и чест за пари и бисери, се мажи за повозрасен човек кој не го сака, а Ален со солзи во очите вели дека еден ден таа ќе ја сфати неговата болка.

Ексклузивната дигитална промоција на новата песна заедно со видеозаписот се случи во ист ден на територијата на цела поранешна Југославија преку каналите на неговата матична “Гранд” продукција. Македонската верзија на оваа песна се очекува да биде објавена пред почетокот на летото.

Во продолжениеве оставаме да уживате гледајќи го новиот видео спот на младиот Хасановиќ.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: