Премиера

24 ПРОМО: Антонија Шола – „Јавна тајна“ (Видео)

„Јавна тајна“ е новата песна на познатата хрватска кантавторка Антонија Шола, која македонската публика ја запозна како блиска пријателка и соработничка на Тоше. Антонија не крие дека за време на пандемијата пишува и твори повеќе од кога било. Животот и музиката не смеат да запрат, па таа постојано пишува за своите колеги и нижи многу успешни соработки. Само оваа година таа објави три сингла.

„Соработката со Регеља донесе нов поттик за моето создавање и нашиот потпис доби посебно препознатлив стил, како и звукот во продукција на Бојан Драгојевиќ. Драго ми е што композиторот Марио Регеља и јас сме подеднакво продуктивни и што заедно ја потпишуваме песната на неговиот бенд „Љубавници“, „Таа ме сака“, со нетрпение ја очекувам нашата идна соработка, бидејќи знаеме дека најдоброто допрва следува“, изјави Антонија.

„Јавната тајна е една од оние песни што се создаваат во моментот и веднаш знаевме дека мора да ја снимиме без оглед на ситуацијата, не пресметувам и се што сакам е да живее песната, да донесе позитивна атмосфера. Песната е подарок за публиката во време пред пред празник. Надеж која повторно ќе не приближи, на овој начин преку песна. За среќа, постојат многу платформи за слушање музика и затоа музиката нема да запре. Уживавме во секој момент кога ја создадовме песната и спотот за кои е одговорен Матија Шкалиќ, тоа е млад тим со кој ги делиме истите мисли и визии и уживаме во креативноста“, објаснува  Марио Регеља.

Видеото за „Јавна тајна“ е снимено на прекрасната локацијa, колибата Бистрица  кај Огулин во срцето на недопрена природа. Jа пренесува магијата на поврзаност со природата, како и прекрасниот амбиент на колибата. „Јавна тајна“ ќе се најде и на новиот албум на Антонија кој Кроација рекордс ќе го објави напролет следната година, а покрај албумот, таа планира нови соработки со нови млади изведувачи, бендови и нов дует за летото, што засега е тајна.

„Пишувањето и создавањето ме придвижуваат, музиката и песната се лек за се и никогаш не престанувам да создавам и да пеам, тоа е моја мисија и мој живот. Преку песните сум она што треба да бидам, музиката е моето прибежиште и затоа ја пренесувам и споделувам со сите љубовта и радоста што ја чувствувам, и тоа е јавна тајна, затоа што не знаете ништо за мене но преку моите песни можете да дознаете се“, додава Шола.

Можеби ќе ве интересира: