Премиера

24 Промо: „Ареа“ – „Отсекогаш“ (Видео)

Познатиот бенд „Ареа“ ја промовираше својата нова песна „Отсекогаш“. Музиката, аранжманот и продукцијата за песната се на гитаристот на „Ареа“, Ивица Брчиоски, а текстот е на Ружица. Видео записот за оваа песна го режираше, снимаше и монтираше Даниел Јовески. Снимањето се одвиваше на повеќе локации, а најголемиот дел од кадрите се снимија во Маврово во црквата Св. Никола Летен. Како актери во видеото се појавуваат Мариа Стојаноска и Илија Трале Левески.

„Отсекогаш“ е најава за шестиот студиски албум на бендот, кој е во завршна фаза на подготовките.

Можеби ќе ве интересира: