Премиера

24Промо: Бета Хаус со нов сингл и видео спот (Видео)

По предходно успешните песни за “Емили”, “Ана”, групата Бета Хаус со нов сингл и видео спот за новата “Легендата”. Песната е комплетно авторско дело на бендот, додека за миксот и мастерингот се погрижи Роберт Билбилов.

Beta Haus

Видео записот го изработи Горила Филмс, во режија на Горан Костадинов, директор на фотографија е Кристијан Теодоров. Во спотот се забавуваа и голем број девојки кои одлично се снајдоа во своите улогите. Момците од Бета Хаус – Раде, Бодин, Алексеј и Стефан работат на новиот материјал за кој наскоро ќе има и ново издание, воедно момците ви најавуваат дружба и настапи во повеќето градови ова лето.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: