Премиера

24 Промо: “Либеро бенд” снимија видео спот во Шпанија (Видео)

Освен работно, “Либеро бенд” посетата на Шпанија ја искористија и за снимање на два видео спота за нивната најнова песна “Спиеш ли” или српската варијанта “Спаваш ли”. Како и за минатиот спот, така и за овој беше ангажиран Ведад Јашаревиќ и неговата видео продукција “Wave”.

Музиката за новата песна е на момците од бендот, додека текстот за македонската верзија го напиша Елвир Мекиќ. Текстот за српската верзија е на Јелена Трифуновиќ, а аранжманот е на Валентино Скендеровски. Официјалната промоција на видео спотовите се случи вчера на нивниот официјален YouTube канал, како и на каналот на “Wave” продукција.

Во продолжение, премиерно и промотивно на Музика24, погледнете го нивниот најнов видео спот за македонската верзија. Уживајте!

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: