Премиера

24 Промо: Перо Пандиловски – “Дај ми причина” (Аудио)

“Дај ми причина” е новата песна на младиот македонски поп пејач Перо Пандиловски кој Музика24 во рубриката “24 Промо” премиерно ви ја промовира и претставува. Брза и динамична песна, со многу емоции е новата песна на пејачот Пандиловски кој бара барем една причина за да ја освои саканата девојка.

“Песната ја снимивме во студиото на Лазар Цветкоски. Музиката ја напиша Јован Василевски, аранжманот Гоце Симоноски, додека пак текстот го потпишува Боби Мојсовски од “Х фактор”. Задоволен сум од крајниот производ. Се договоривме да направиме нешто денс, за летово. Се надевам дека публиката ќе ја засака песнава и ќе биде вртена низ радио станиците“, вели Пандиловски, кој досега има снимено 6 песни и неколку видео спота, од кој последниот за песната “Соло” кој што ја промовираше минатата година.

Во продолжение, ви предлагаме да ја слушнете новата песна која се надеваме дека ќе ви се допадне.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: