Премиера

24 Промо: Сефедин Бајрамов – „Животот и јас“ (Видео)

Битолскиот пејач Сефедин Бајрамов денеска ја промовираше својата нова песна „Животот и јас“. Песната ја прати и видео спот сниман пред околу 1 месец во еден убав предел на Јонско море. Музиката и аранжманот се на Кире Костов, текстот на Валентин Соклевски, спотот е во продукција и режија на Дарио Јанковиќ, аудиото е снимено во студио „Анастасија“, тон мајстор е Љупчо Павловски.

За жал поради состојбата со коронавирусот Сефедин се одлучил на ваква промоција, но како што вели кога ќе се создадат услови за одржување на концерти и промоции ќе има и промоција во живо.

Можеби ќе ве интересира: