Премиера

24 Промо: Тајфата – “Не си моја” (Видео)

Составот “Тајфата” и Димитар Андоновски снимија нова песна. Станува збор за песна која ќе се најде на нивниот прв албум кој треба да биде промовиран наскоро. Песната е насловена “Не си моја”, а автори се Лазар и Магдалена Цветкоски.

“Мислиме дека доста не чекаше публиката да извадиме нова песна. Лазар и Ена направија уште една одлична тема за која убедени сме дека ќе им се допадне на сите што слушаат добра музика. Инаку спотот се снимаше на неколку различни локации во Скопје, а Дарио Јанковиќ си ја заврши маестрално својата задача”, велат од бендот.

Инаку Тајфата и Димитар не застануваат тука. Тие буквално глава не можат да кренат од настапите кои ги имаат ширум државата, но сепак ветуваат дека во иднина ќе бидат повеќе активни кога станува збор за авторска музика.

Во продолжение, погледнете го нивниот најнов видео спот и уживајте.

Можеби ќе ве интересира: