Премиера

Александра Радовиќ со новогодишен подарок за сите фанови – новиот албум “Царство” (Видео)

Балкански познатата поп пејачка Александра Радовиќ утрово на едно српско радио промотивно и за прв пат го промовираше новиот албум насловен “Царство”. Да, слободно може да кажеме дека тоа претставува царство од голем број на нови хитови, знаејќи ја Радовиќ и досегашните нејзини познати песни, балади и хитови. 8 нови песни, 8 нови спотови најави пејачката кои можете да ги преслушате и видите на официјалниот YouTube канал на пејачката.

Воопшто не се сомневаме во готовиот производ, а веруваме и вие ќе се сложите со нас одкога ќе ја слушнете и погледнете новата “Царство туге”, песна и видео спот кој нема да ве остават рамнодушни.

Инаку, пејачката Радовиќ годинава имаше прилика да се дружи со македонската публика станувајќи дел од привилегираните учесници во најголемиот балкански пиво фестивал “Пивофест” кој традиционално се одржува во градот Прилеп. Веруваме и искрено се надеваме дека во Новата 2017-та година ќе бидеме почестени со голем концерт на оваа позната пејачка како што и всушност и доликува во нашата метропола, во нашето Скопје.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: