Премиера

Бендот “Визија” промовира нова песна (Аудио)

Визија е бенд од Скопје кој што е основан во ноември 2011-та. Бендот го сочинуваат: Марко Џамбазоски (соло гитара/придружен вокал), Марко Гапо (вокал/ритам гитара), Лилјана Јанкова (бас гитара/придружен вокал) и Синиша Ѓорѓевиќ (тапани).

Бендот инспирацијата ја црпи од рок музиката, проследено со експериментирање на различни
стилови со цел формирање сопствен стил.

Во јуни минатата година, бендот “Визија” настапи на фестивалот “Т’к-Так Фест” во Кавадарци каде што беше прогласен за еден од најдобрите три бендови на фестивалот. Неколку месеци подоцна, односно на 24-ти ноември бендот имаше настап на престижниот фестивал “Таксират”.

Во продолжение преслушајте нивната новата песна “Гласот на мојата душа”.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: