Доказ дека Македонија има извонредни таленти докажува и овој пример на соло арија од Рахмањинов кој ја изведува младиот сопран Наташа Михајлова која веќе долг период е докажана во соло „водите“. Опусот нејзин е многу обемен, затоа како музички портал се потрудивме за вас да го издвоиме она најдобро во која се покажала пред огромната публика каде освоила голем на признанија и награди.
Наташа Михајлова е родена на 4-ти септември, 1990 год. во Тетово. Пројавува афинитети кон музиката уште од најрани години и на нејзина 5 годишна возраст станува најмлад член на детскиот хор „Лале“. Основното музичко образование го завршува во ДМУ „Тодор Скаловски – Тетоец“ – Тетово, отсек пијано, а своето средно образование го продолжува во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ – Скопје, отсек музичар-теоретичар. Паралелно посетува часови по соло-пеење.
Во 2013-та, дипломира Cum Laude на „Факултетот за Музичка Уметност“ при Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје, отсек соло-пеење, класа на проф. Горан Начевски.
Награди и признанија:
- Четири Први награди по Солфеж на Државен натпревар за ученици и студенти по музика во Скопје и Битола (2003, 2005, 2007, 2011)
- Втора награда по Камерна музика на Државен натпревар за ученици и студенти по музика во Битола (2005)
- Златна Плакета за особен придонес на соработка, за развој, негување на наследството, традицијата, културата и уметноста на Првата меѓународна културна манифестација „Денови на Иљо – 2014“ при ЗКУ „Иљо Антески – Смок“ – Тетово. (2014)
Мастер класи:
- Мастерклас на Eleanor Valkenburg (сопран) – ФМУ – Скопје (2012)
- Предавања на Балдо Микулиќ – Werbeck, техника на пеење и нега на глас – ФМУ – Скопје (2013)
Настапи:
- Најмлад учесник на Концертот на млади музички таленти при Денови на Македонска Музика – Скопје, со изведба на делото „СУИТА“ за пијано од Томислав Зографски. (2005)
- Солистички настап со хорот „Лале“ на Републичкиот фестивал на пионерски и младински хорови на Р.М во Кавадарци. (2005)
- Солистички настап со хорот „Менада“ на фестивалот „Златна Вила“ во Приједор, Босна (2010)
- Прв солистички концерт во Тетово, (2013)
- Солистички настап со хорот „Драган Шуплевски“, Скопје (2014)
- Исполнување на солистички дел со хорот „Pro Ars“ за време на снимањето на музиката за филмот Zhong Kui: Snow Girl And The Dark Crystal, (музика на Javier Navarret во соработка со диригентот Nicolas Dodd, продукција на Sam Okell) (2014)
Моментално, Наташа Михајлова е на магистерски студии по соло-пеење на ФМУ – Скопје. Член е на професионалниот хор „Про Арс“ при СОКОМ. Истовремено, таа е дел од наставниот кадар во ДМУ „Тодор Скаловски – Тетоец“ – Тетово. Освен нејзините активности поврзани со класичната музика, Наташа е член на дуото „Bondi Blue“ и зема учество во проекти поврзани со популарните жанрови.
Во продолжение уживајте во маестралната изведба на Наташа Михајлова за кој допрва ќе се говори.
Подготви: Редакција Музика24