Премиера

24 Промо: Боби Мојсовски со нова песна и видео запис

Пред само неколку дена беа промовирани новата песна и видео записот за темата насловена “ЈАС и ТИ” на победникот на Славјански Базар за 2012-та година, Боби Мојсовски. Текстот на песната е на Боби, а музиката на Јован Василевски (Offside), аранжманот на Гоце Симоновски (High Control). Како режисер и продуцент на видеото се појавува Даниел Јовески. Постои приказна, а таа не е било каква , туку љубовна.

Не верувам дека ќе останете рамнодушни, ќе допре до Вас и ќе ве обземат чувства само ако сте биле вљубени и ако сте изгубиле некоја сакана личност. Како статисти освен Боби се појавува една прекрасна девојка Иларија. Спотот е снимен на локации во Охрид и во Скопје. Видеото веќе го има на YouTube, погледнете го и доколку  ви се допадне споделете го на Вашите профили на социјалните мрежи.

Подготви: Сања Неткова

Можеби ќе ве интересира: