Премиера

Четкар конечно со промоција на “Heavenly” во Скопје (Видео)

Изданието кое беше прогласено за ремек-дело во Јапонија, стана вистински хит во Унгарија и направи културна инвазија во далечниот Исток, албумот “Heavenly” на Владимир Четкар конечно ќе стигне во Македонија. Нашиот светски познат џез музичар ќе одржи концертна промоција пред македонската публика, која е закажана за среда, 19-ти ноември во “Станица 26” во Скопје.

Промоција е со почеток од 22.30 часот, а билетите во претпродажба по цена од 200 денари можете да ги набавите во кафе барот “Кала”. Во продолжение уживајте со насловната тема од албумот, прекрасната “Heavenly”.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: