Премиера

Дамјан Стоименовски ја промовираше својата прва песна ,,Те губам” (Видео)

Пред само неколку дена, младиот и талентиран Дамјан Стоименовски ја промовираше својата нова и прва песна со наслов ,,Те губам”. Ова младо момче освен песната, го провираше и видео спотот кој што го реализираше Владислав Гавриловски, а истиот е снимен на повеќе локации во Скопје. Што се однесува до песната, таа е дело на Гоце Симоновски, додека текстот го напиша Ивана Димова.

Дамјан кој ни доаѓа од Македонска Каменица, има 20 години и е студент на правниот факлутет „Јустинијан Први“. Тој за Музика24 вели дека уште од мали нозе ги обожава музиката и пеењето. Посетува часови по пеење и досега има преработено неколку познати песни. Има учествувано во балканското музичко шоу “Неки нови клинци”, а меѓудругото, има освоено и голем број награди на државни натпревари.

Како звучи неговата најнова песна ,,Те губам” и како изгледа видео спотот за истата, погледнете во продолжение:

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....