Премиера

Даниел Кајмакоски ја промовираше српската верзија на “10 лета” (Видео)

Откако ја испромовира песната “10 лета”, Даниел Кајмакоски една недела подоцна ја пушти во етер и српската верзија на оваа песна, но овој пат насловена сосема поинаку и го носи насловот “Деценије”. Нашиот Даниел промоцијата на оваа песна ја изведе во едно од најгледнатите телевизиски шоу-а во Србија “Ами Џи шоу”, каде што меѓудругото најави дека во иднина сите следни песни што ќе ги работи и сними ќе бидат снимени на македонски и српски јазик, односно, двојазично.

“Сите мои наредни проекти ќе имаат македонска и српска верзија, бидејќи публиката и фановите кои ме поддржуваа и се уште поддржуваат во Македонија и во регионот го заслужуваат тоа”, изјави Даниел Кајмакоски во тв шоуто.

Исто како и за македонската верзија на песната, така и за српската, музиката и текстот се на Александра Милутиновиќ, додека за аранжманот и продукција беше задолжен Дарко Димитров. Во продолжение, Ви нудиме да ја погледнете и слушнете српската варијанта од новата песна на Даниел Кајмакоски.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: