По неколку дена во радискиот етер од денес и со спот на сите платформи е објавена новата песна на Дарио. Текстот и музиката за „Молтива“ се на Дарио, аранжманот е на Кристијан Габроски а фламенко – гитарските делници ги отсвире Владимир Дојчиновски. Спотот се снимаше неодамна на неколку локации во Скопје а е дело на Дарио Јанковиќ.