Премиера

Давид Темелков на најголемиот регионален фестивал “Сунчане Скале” се претстави со баладата “Реци ми” (Видео)

На самиот почеток летово, освен море, сол и сонце, ни ја носи и новата балада на Давид Темелков, и тоа од најголемиот регионален фестивал “Сунчане Скале” кој се одржа во Херцег Нови. Од овој фестивал потекнуваат голем број балкански ѕвезди кои изградиле блескава кариера.

Токму во нивно друштво, како и во друштво на многу млади регионални ѕвезди, Давид се истакна со моќна и емотивна балада под наслов “Реци ми”, која беше пречекана со огромен аплауз од страна на публиката, но и од страна на многу музички критичари и телевизиски и радио уредници, колеги, меѓу кои беа и Јелена Томашевиќ и Жељко Васиќ. Станува збор за моќна балада која е спој на емоција и уметност, отпејана на свој и препознатлив начин.

Со оваа песна Давид се потврдува како доминантен вокал кој владее подеднакво добро со сите музички стилови, но и во моќни балади како што е токму оваа, “Реци ми”. По фестивалското представување, следува регионална балканска радиска премиера, како и премиера на сите дигитални музички платформи.

Можеби ќе ве интересира: