Премиера

Девито го наполни битолско Ракометно (Фото+Видео)

Популарниот Девито вчера вечер го одржа својот прв солистички концерт во земјава, и тоа токму во Битола. Тој последниве неколку години има милионски прегледи на YouTube и речиси секоја негова песна е на врвот на сите топ листи. Тоа уште еднаш се потврди вчера во Битола, каде Ракометното игралиште беше речиси полно со стотици млади кои хорски ги пееа неговите песни „Uh“, „Aligatori“, „Nina“, „Barbie“, „Vudu“ ,„Roze”, „Mame mi” и ред други.

Девито во текот на целиот концерт беше интерактивен со својата публика а како изненадување, со публиката отпеаа и дел од антологиската „Битола, мој роден крај“.

Концертот беше во организација на Сцена продукција кои се погрижија атмосферата пред ѕвездата на вечерта да ја загреваат DJ Ace Mice и DJ Chico.

Фото+Видео: Стојан Стојаноски (2S Студио)

Можеби ќе ве интересира: