Премиера

“Дикато бенд” – Свеж бран на музичката естрада (Фото)

После долг период конечно на македонската музичка сцена имаме можност како музички портал да ви го претставиме новиот состав кој ветува многу на музички план. Имено, овој состав кој се состои од саксафон (Александра Илиева), виолина (Тани Илиева), вокал (Оле Илиева) и пиано (Динчо Илиев) се одлична прилика да се слушне нешто ново и несекојдевно иако за себе велат дека се скромни во она што тие го творат веќе долг период.

“Значи овој состав настана спонтано прво вежбавме класична музика, бидејќи нормално ќерките се определени на отсек по класична музика, но според мене мислам дека сум главниот виновник да настане ваков вид на спој кој не секогаш може да се види”, изјави фронтменот на бендот Динчо Илиев за Музика24. Интересно е што сепак станува збор за фамилијарен состав, па затоа и не е случајно сето тоа е генетски наследено од поколение на поколение.

“Сепак иако долги години ја изучував виолината како класичен инструмент знаев дека и може воедно и самиот инструмент да се вметне и во другите жанрови кој се актуелни во целиот свет како џез, поп итн, па затоа и се одлучивме за ваков состав”, изјави Тани Илиева која е на самиот крај на студии по виолина на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Но најважно од се е и добрата атмосфера која ја има додека настапуваат што е мал пример како може да се опстои како бенд, но и стекнуваш искуство пред се.

Digato bendСите љубители на добрата музика и на ваквиот вид состав може слободно да погледнете на нивната официјална фан страница на фејсбук на следниов линк и паралено да ги следите нивните настапи кој се секогаш резервирани за оние кој сакаат да слушнат нешто ново и интересно каде на нивниот репертоар може да слушнете секаков вид на музика меѓу кој македонски евергрини, српски хитови, странски и народни фолклорни песни од ризницата на Македонија.

Digato bendИмено, Дикато бенд има редовни свирки и вонредни за секаков вид на свечености, а исто така за дочекот на новата 2015-та година ќе бидат во Негорски бањи во Гевгелија.

Digato bend

Digato bend

Digato bend

d 10

Digato bend

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: