Александар Белов го објави спотот за неговата новата песна која го носи насловот “Добро утро, добри луѓе”. Зад оваа песна како автор се потпишува Кристијан Габроски. Спотот го изработи продукција “Фабрика”, а песната Александар Белов и ја посвети на својата девојка.
“Стиховите од новата песна и ги посветувам на мојата девојка, со која веќе извесен период сум во врска. Среќен сум, исполнет, и мислам дека таа е вистинската за мене. Ретко зборувам за приватноста и поради тоа не сакам да ја експонирам во јавноста. Сепак, сите мои блиски пријатели ја знаат и не ја криеме нашата љубов од нив”, откри Белов.
Во продолжение погледнете го спотот.
Подготви: Редакција Музика24