Премиера

Druggy и Kacar со видеоспот го промовираат новиот сингл „Да ве чујам” (Видео)

Како што дознава музичкиот портал Музика24, излезе новиот видеоспот од Druggy и Кацар насловен „Да ве чујам”. Видеото е изработено од Доан Акити, а може да се најде на YouTube каналот на TDFU (TrapDaFuckUp).

Како што самите тие велат, синглот е најава за албумот на Druggy кој го носи името „Druggy Гледачи”. На проектот ќе преовладуваат колаборации со македонски хип-хоп артисти, а соработката со Кацар е првата песна од албумот која излегува во етер. Албумот е во целосна продукција на Druggy (читај Драги), кој долги години е зад продуцентската палка на влијателни дела во македонскиот хип-хоп.

Можеби ќе ве интересира: