Премиера

“Eye Cue” од денес со нова песна

Музичката група “Eye Cue” ви го преставува новиот сингл “Сон”. Музика24 дознава дека песната веќе од денес се врти по македонските радио станици, а веќе во почетокот на март (4-ти март) е закажана тв премиерата на видео спотот кој ќе биде промовиран на регионалниот музички канал MTV Adria. Песната е снимена во студиото на Ивица Јанкуловски – Штраф, а режисер на спотот е Огнен Шапковски. Релативно младите “Eye Cue” веќе го подготвуваат материјалот за својот втор албум.

Подготви: Виолета Трајкоска

Можеби ќе ве интересира: