Премиера

“Eye Cue” со видео спот за песната “Еве пак” (Видео)

Бендот “Eye Cue” кој неодамна го промовираше својот албум “Само Сакав” и го промовирше носечкиот сингл “Еве пак”, доби и видео запис. Видео записот се снимаше повеќе денови на повеќе локации во Охрид, Свети Наум, Галичица, Матка и Скопје во реалиција на Горила Филмс. Бендот по успешната концертната турнеа која ја имаше летово, продолжува со своите активности, со своето прво учество на “Скопски фестивал 2015” со композицијата “Убава”, која е реден број шест.

Во продолжение, погледнете го видео спотот за водечката “Еве пак”.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: