Премиера

„Горим“ е најновата песна на „Фрајле“ (Видео)

Невена, Јелена и Наташа го објавија новиот сингл „Горим“, песна во која секој стих и секоја нота ја слават мистеријата на љубовта.

Креативно смели, самоуверени и музички попродуктивни од кога било во својата кариера, „Фрајле“ на првиот ден од летото објавија нова песна која сигурно нема да биде само уште еден летен хит. Напротив, синглот „Горим“ е химна на Невена, Наташа и Јелена кои долго ќе ја пеат со солзи во очите и радост во срцата. Овој пат, како никогаш досега во нивните кариери.

Текстот за песната „Горим“ го напиша Јелена Буча, музиката Невен Буча, а аранжманот и продукцијата ги потпишува Воислав Аралица. Видеото кое ја следи оваа љубовна приказна низ улиците на Нови Сад го сними продуцентската куќа Класика Нова, а актерот Радомир Живадиновиќ со својата појава и актерска суптилност го внесе во него и другиот дел од љубовта. Летово, „Фрајле“ се активни на концерти низ регионот, па нивните фанови наскоро ќе имаат можност во живо да го почувствуваат тој пламен од емоции на Невена, Јелена и Наташа.

Покрај настапот, девојките го снимија и документарниот филм „Песмом да живот славимо“, кој наскоро ќе се најде на малите екрани.

Можеби ќе ве интересира: