Премиера

24 Промоција: Ивана Селаков сними спот за песната “Измеџу редова” (Видео)

Познатата српска поп пејачка Ивана Селаков го претстави долгоочекуваниот спот за својот хит “Измеџу редова”.

“Песната е дел од мојот албум кој излезе во октомври. Како и сите останати мои спотови, и овој е дело на Ведад Јашаревиќ, и не е од класичен тип”, изјавила Селаков за српски Телеграф.

Да потсетиме, популарната пејачка заедно со својот колега Аца Лукас го држат рекордот на музичкиот интернет канал YouTube, бидејќи нивниот спот за песната “Далеко си” има повеќе од 25 милиони прегледи. Во продолжение погледнете го новиот спот на Ивана Селаков.

Најновиот спот на Ивана Селаков можете да го погледнете со кликнување на името на песната: “Измеџу редова”.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: