Премиера

Џастин Тимберлејк со нова песна (Видео)

По долгата медиумска и музичка пауза, Џастин Тимберлејк повторно станува актуелен. Имено, по неодамнешното објавување на првата песна од неговиот трета албум “Suit & Tie”, Џастин ја објави и неговата најнова песна “Mirrors”.

На вчерашните Греми награди, Џастин на сцената пред присутните и милионската тв публика ја претстави новата песна што е само дел од новиот албум “The 20/20 Project” чие објавување се очекува на 19-ти март. Тој освен новата “Mirrors”, вчера вечер ги изведе и новите “Pusher Lover Girl” и “That Girl”.

Во продолжение преслушајте ја песната “Mirrors”.

Подготви: Катерина Митровска

Можеби ќе ве интересира: