Тој е од Охрид, а живее во Германија. Летово само за Вас ја подготви новата песна, љубовната балада „Judy“. Почитувани читатели на музичкиот портал Музика24, само за Вас младиот и енергичен Александар Петрески, а што тој вели за неговата најнова песна…
„Видеото, во едно преубаво јулско приквечерие на местото кое јас го нарекувам Филип втори (измеѓу Канео и Лабино во Охрид), во една преубава дружба го снимивме заедно со видео и аудио продуцентот Даниел Јовески. Никогаш не сум се почувствувал посигурно пред камера и искрено ја уживав секоја секунда, знаејќи каков мајстор стои зад камерата! Сонцето полека го напушти хоризонтот, а ние полни со позитивна енергија го запревме времето и запишавме историја подарувајќи Ви го ова видео“.
За какво аудио и видео парче станува збор, погледнете во продолжение: