Јутуберот и учесник во неколку домашни и регионални талент шоуа, Марио Арангеловски, заедно со Михаил Митовски – Мише ја промовираа нивната дуетска песна „Фон“. На текстот и музиката се потпишуваат неколку автори и тоа InsertAKik, Boof, Popo и AndrejNik. А, зад видеото, кое наликува на криминалистички филм е потпишан Константин Митевски.
“Сосема спонтано стапивме во контакт благодарение на социјалните мрежи, по иницијатива на Мише, слушнав демо верзија од песната „ФОН” и си кликнавме на прва. Идејата за соработка со друг артист ми претставуваше сериозем предизвик, а, уште поголем предизвик ми беше жанрот на песната, кој е сосема нов, кога сум јас во прашање, меѓутоа, со задоволство прифатив соработка и истата се испостави како одлична одлука. Песната циркулира одлично, и сите критики се многу позитивни”, вели Марио.
Марио и е добро познат на јавноста по својот YouTube канал и учеството во неколку популарни ТВ шоуа. Мише односно Михаил Митевски е ново име на македонската музичка сцена. Тој има 17 години и е од Скопје. Зад себе веќе ја има песната „Пронто“, која многу добро помина кај слушателите. Освен создавање музика тој е менаџер на многу луди забави во нашиот град.
“Моето хоби е музика,обожавам да создавам нешто ново што ќе биде интересно за мене и секако за Јавноста. како понов е проектот со Марио, ФОН, од кој што сум исто така презадоволен и се заблагодарувам на сите за огромната поддршка на овој проект во кој јас и Марио вложивме многу Труд. Исто Така, препорачувам на сите да дојдат на Некоја од забавите и да си поминат Незаборавно”, вели Мише за музичкиот портал музика24.